Локација: Сала на Комора ОАИ
Комората на овластени архитекти и овластени инженери и нејзиното одделение за геотехника како дел од веќе воспоставената активност во организирање на „Геотехнички денови во Комората“ има особена чест и задоволство да го најави стручно предавање на реномираниот Dr. Nick Barton (http://www.nickbarton.com) на тема „Повеќе аспекти за јакоста на смолкнување кај карпите“.