Локација: On-Line
Првиот Вебинар за годинава го посветуваме на поширокото семејство на Кнауф подни системи. Ќе зборуваме и за сувомонтажните системи на:
- Подигнати подови (Knauf F18 подигнати подови)
- Монтажни меѓукатни конструкции (Knauf F19 подови) и
- Суви кошулки (Knauf F13 кошулки)
...но и за самонивелирачките материјали, кои ги користиме како:
- Самонивелирачки кошулки (Knauf FE50) и
- Смеси за порамнување на подови (Knauf Nivelir 415)
Во 45 минути сигурно ќе најдете информации кои во следниот ваш проект ќе донесат повисока вредност, но и материјали кои ќе ви заштедат време, енергија и нерви (ова посебно се однесува на материјалите кои ги применуваме во реновирање).
Се гледаме во живо, четврток, 07.03.2024 во 14:00 часот, а доколку имате било какви прашања, пишете ми ги на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и одговорите ќе ги вклучам во презентацијата.
Вебинарот можете да го проследите преку компјутер, телефон или таблет.