Локација: Сала за седници на Општина Прилеп
Регионалната средба е дел од планираните активности на КОАИ со цел приближување до членството и презентирање на донесените акти Тарифникот за Урбанистичко планирање и Ценовникот за висината на минималиот надомест на инженерски услуги на овластените архитекти и овластените инженери од областа на високоградбата
По презентацијата на Нацрт Правилник ПМЗПЕ-1-001: 2022 на 12.04 2024 година во Скопје иницирано е одржување на регионална презентација на 11.05.2024 година во Прилеп.
Истиот ден во Прилеп кога ќе биде организирана презентација на сработениот Нацрт Правилник ПМЗПЕ-1-001: 2022 Правилник за мерките за заштита од пожар и експлозии, кој беше изработен врз основа на одлуката со архивски бр.02-867/3, донесена на ден 24.09.2021 од страна на Управниот Одбор на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, а на кој правилник работеше работна група од 11 членови (претставници на различни одделенија), ќе се одржи и работилницата за Тарифникот и Ценовникот, со презентација на Упатство за пресметка на вредноста на работите од урбанистичкото планирање согласно со Тарифникот за вредност на работите од урбанистичкото планирање и инженерските услуги согласно Ценовник за висината на минималиот надомест на инженерски услуги на овластените архитекти и овластените инженери од областа на високоградбата.
Агенда
време |
опис |
9.30 – 10.00 |
Пристигнување и регистрација |
10.00 – 10.15 |
Поздравно обраќање на претставници на Комората |
10.15 – 11.45 |
Презентација на Нацрт Правилник ПМЗПЕ-1-001:2022 правилник за мерките за заштита од пожар и експлозии |
11.45 – 12.15 |
Дискусија и прашања |
12.15 – 12.45 |
Кафе пауза |
12.45 – 13.30 |
Упатство за пресметка на вредноста на работите од урбанистичкото планирање согласно со Тарифникот за вредност на работите од урбанистичкото планирање и инженерските услуги согласно Ценовник за висината на минималиот надомест на инженерски услуги на овластените архитекти и овластените инженери од областа на високоградбата |
13.30 – 14.30 |
Дискусија и прашања |
14.30 – 15.30 |
Пригодна закуска и неформално дружење |