Локација: Сала на Комора ОАИ
Комората на овластени архитекти и овластени инженери и нејзиното одделението за геотехника ја организира активноста „Геотехнички денови 2024 во Комората“ во рамки на која е планирано да се одржи еднодневна обука/стручно предавање на тема „Искуства и стратегии за справување со нестабилности кај косините и појавата на свлечишта“.
Предавачи:
Asst. Prof. Vito Tagarelli – Department DICATECH, Polytechnic University of Bari, Italy
Предавањата ќе бидат на англиски јазик.
План на предавања:
10.00 - 12.30 ч. Стратегии за справување со стабилноста на косините, Вито Тагарели
12.30 – 12.45 ч. Пауза за кафе
12.45 - 14.00 ч. Истории на случаи од појава на свлечишта во Јужна Италија, Вито Тагарели