Локација: Сала на Комора ОАИ
Во рамките на активностите на Комората на овластени архитекти и овластени инженери и Smart Solutions - авторизиран партнер на Autodesk во Македонија, почестени сме да ве поканиме да ни се придружите на Autodesk предавање во живо - третиот настан од низата BIM активности оваа година.
Предавачи на овој настан ќе бидат Никола Нисев и Миле Партиков кои ќе одржат предавање кое што ќе биде поделено во два дела. На ова предавање ќе се запознаеме со сите аспекти на имплементација на BIM кај челични индустриски хали.
Агенда на настанот:
09:30-10:00 - регистрација и кафе за добредојде
10:00-10:05 - добредојде од претставници на КОАОИ и Smart Solutions
10:05-10:50 - Никола Нисев и Миле Партиков |„Имплементација на BIM кај челични индустриски хали“- прв дел
10:50-11:10 - кафе пауза
11:10-11:55 - Никола Нисев и Миле Партиков |„Имплементација на BIM кај челични индустриски хали“- втор дел
11:55-12:15 - прашања и одговори
Предавачи:
Никола Нисев - Докторанд и соработник на Градежен факултет Скопје - Катедра за метални конструкции, раководител на градежен сектор во NEW VISION и еден од основачите на НИТЕН ИНЖЕНЕРИНГ. Веќе седум години активно работи на имплементација на БИМ технологијата во градежништвото преку проектирање на станбени и индустриски објекти во софтверските пакети на Autodesk.
Миле Партиков - Доцент на Катедрата за метални конструкции при Градежниот факултет во Скопје и координатор на РГ 3 за имплементација на Еврокод 3 при ИСРМ, ТК40. Повеќе од десет години активно работи на имплементација на БИМ технологијата во градежништвото, како во наставата на Градежниот факултет така и преку проектирање на индустриски објекти во софтверските пакети на Autodesk (Robot Structural Analysis, Advance Steel и REVIT).