Локација: Сала на Комора ОАИ
Во рамките на активностите на Комората на овластени архитекти и овластени инженери со Smart Solutions, авторизиран партнер на Autodesk во Македонија, почестени сме повторно да ве поканиме да ни се придружите на Autodesk предавање, четвртиот настан оваа година во живо од низата BIM активности планирани за оваа година.
Предавач на овој настан ќе биде архитект Љупчо Стојанов од компанијата Техноинспект од Скопје кој ќе одржи предавање за нивното искуство во користење на Autodesk Revit при проектирање на системи за автоматско гаснење на пожар со вода- Спринклер систем.
Настанот ќе се одржи на 5.12.2024 (четврток) во просториите на Комората, со почеток во 09:30 часот.
Агенда на настанот:
09:30-10:00 - регистрација и кафе за добредојде
10:00-10:05 - добредојде од претставници на КОАОИ и Smart Solutions
10:05-11:00 - Љупчо Стојанов, Техноинспект | „Придобивки, предности и недостатоци при проектирање во REVIT на системи за автоматско гаснење на пожар со вода - Спринклер систем“
11:00-11:15 - прашања и одговори
Предавач:
Љупчо Стојанов - Дипломиран архитект, дел од проектанскиот тим на Техноинспект ДОО Скопје за системи за автоматско гаснење на пожар со вода- Спринклер системи, системи за гасење на пожар со гас, противпожарни кујнски ситеми, со повеќе од 12 години работно искуство.