Локација: Сала на Комора ОАИ
Во рамките на активностите на Комората на овластени архитекти и овластени инженери со Smart Solutions, авторизиран партнер на Autodesk во Македонија, почестени сме повторно да ве поканиме да ни се придружите на Autodesk предавање, првиот настан оваа година во живо од низата BIM активности планирани за оваа година.
Предавачи на овој настан ќе бидат Димитар Хаџиев и Никола Нисев кои ќе одржат предавање на кое ќе се запознаеме со сите аспекти на имплементација на BIM при проектирање на индустриски објекти.
Настанот ќе се одржи на 24.01.2025 година (петок) во просториите на Комората, со почеток во 09:30 часот.
Агенда на настанот:
09:30-10:00 - регистрација и кафе за добредојде
10:00-10:05 - добредојде од претставници на КОАОИ и Smart Solutions
10:05-11:05 - Димитар Хаџиев (New Vision/ Molior), Никола Нисев (New Vision/ Molior/ Нитен Инженеринг) |„Имплементација на BIM при проектирање на индустриски објекти- временска рамка, чекори на имплементација, искуства и реализирани примери“
11:05-11:30 - прашања и одговори
Предавачи:
Димитар Хаџиев - Дипломиран инженер архитект при Архитектонскиот факултет во Скопје на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, својата професионална кариера ја гради во сферата на проктирање на Индустриски објекти каде што како менаџер на својата компанија, а исто така и како главен проектант во последните 14 години раководел со повеќе од 20 поголеми индустриски проекти во и вон Македонија. Како менаџер на компаниите New Vision и Molior во последните 12 години оформува тим од 17 иженери во различни области со цел да обезбеди професионална комуникација и координација помеѓу сите учесници во еден копмлексен проект како и да обезбеди средина со потенцијал за развој и на младите генерации да стекнат соодветно проектантско искуство во соработка со сите учесници.
Никола Нисев - Докторанд и соработник на Градежен факултет Скопје - Катедра за метални конструкции, раководител на градежен сектор во New Vision/ Molior и еден од основачите на Нитен Инженеринг. Веќе седум години активно работи на имплементација на BIM технологијата во градежништвото преку проектирање на станбени и индустриски објекти во софтверските пакети на Autodesk.