Локација: Сала на Комора ОАИ
Во рамките на активностите на Комората на овластени архитекти и овластени инженери со Smart Solutions, авторизиран партнер на Autodesk во Македонија, почестени сме да ве поканиме да ни се придружите на Autodesk предавање, вториот настан оваа година во живо од низата BIM активности планирани за оваа година.
Предавач на овој настан ќе биде Илија Лошонц кој ќе ги презентира начините на кои малите компании можат да го искористат BIM како стратегија за раст и адаптација на современите пазарни барања. Ќе бидат презентирани клучните придобивки од BIM, како што се подобра координација, намалување на трошоците и зголемена ефикасност. Дополнително, ќе се споделат практични совети за имплементација на BIM процеси со минимални ресурси.
Настанот ќе се одржи на 30.01.2025 година (четврток) во просториите на Комората, со почеток во 09:30 часот.
Агенда на настанот:
09:30-10:00 - регистрација и кафе за добредојде
10:00-10:05 - добредојде од претставници на КОАОИ и Smart Solutions
10:05-10:50 - Илија Лошонц, Cadonia Australia |„BIM во мали компании: Стратегија за конкурентност и успех“- прв дел
11:05-11:50 - Илија Лошонц, Cadonia Australia |„BIM во мали компании: Стратегија за конкурентност и успех“- втор дел
11:50-12:15 - прашања и одговори
Предавач:
Илија Лошонц - BIM и Проект менаџер во Cadonia Australia, со повеќе од 7 години работно искуство. Како BIM менаџер учествува во организација и следење на процесот за изработка на BIM модел во различни фази на проектот, како и имплементација на BIM стратегии. Веќе 4 години е гостински предавач на Каледониан универзитетот во Глазгов, Шкотска, на предметите за дигитални вештини како што се Revit, AutoCAD, Civil3D и Infraworks.
Линк за он-лајн поврзување