Локација: Хотел Александар Палас
Почитувани,
Ве покануваме да учествувате на конференцијата „Нови ЕКО бетони за одржлив свет”, која ќе се одржи на 13 март 2025 година, во Хотел Александар Палас, со почеток во 09:30 часот.
Дел од клучните говорници на конференцијата ќе бидат проф.др. Горан Марковски, декан на Градежниот факултет Скопје, проф.др. Петер Марк, редовен професор на Универзитетот Рур во Бохум, Германија, проф.др. Снежана Маринковиќ, редовен професор на Градежниот факултет при Универзитетот во Белград, Христофорос Вулгарис, директор на дивизија за бетон во Титан Цемент СА, Грција, како и претставници од бизнис секторот во земјата, академската заедница и релевантни институции, кои ќе споделат искуства и перспективи за иднината на еко бетоните.
Конференцијата е во организација на Градежниот факултет Скопје и Титан Усје и ќе ги опфати темите за новите достигнувања и карактеристики во производството на бетони, а со цел намалување на CO2 емисиите и усогласување со глобалната стратегија за декарбонизација. Исто така, ќе бидат опфатени и иновативните технологии за одржливост на градежните материјали, како и претставување на успешни европски примери за имплементација на одржливи практики.
Агендата за конференцијата „Нови ЕКО бетони за одржлив свет” е во прилог, а сите говорници и теми можете да ги погледнете на следниот ЛИНК.
Ве молиме да го потврдите вашето присуство најдоцна до 6 март 2025 година, со испраќање на е-маил за потврда до Билјана Митреска на следната адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..