Локација: Сала на Комора ОАИ
Во рамките на активностите на Комората на овластени архитекти и овластени инженери со Smart Solutions, авторизиран партнер на Autodesk во Македонија, почестени сме да ве поканиме да ни се придружите на бесплатна Autodesk работилница, петиот настан оваа година во живо од низата BIM активности планирани за оваа година.
Оваа воведна работилница, која што ќе ја водат Lars Oberwinter и Гоце Чавкоски од компанијата Пландата, Виена, Австрија е наменета за архитекти кои сакаат да се запознаат со BIM и со основите на Revit и неговите предности во модерното проектирање. Основната цел е учесниците да се стекнат со основни познавања за Revit и BIM, со фокус на интерфејсот, моделирањето и подготовка на основна документација. За време на работилницата учесниците ќе изработат мини модел.
Важна напомена: Препорачано е учесниците на работилницата да дојдат со свои лаптоп компјутери, за да бидат во можност паралелно да работат на вежбите заедно со предавачите. На компјутерите е потребно да биде инсталирана Revit 2025 или 2026 верзија на софтверот. Пробна верзија на Revit можете да симнете од следниот линк: https://www.autodesk.com/products/revit/free-trial
Работилницата ќе се одржи на 09.05.2025 (петок) во просториите на Комората, со почеток во 12:00 часот.
Работилницата ќе се одржи на англиски и на македонски јазик.
Агенда на настанот:
12:00-12:30 Регистрација и кафе за добредојде
12:30-12:35 Добредојде од претставници на КОАОИ и Smart Solutions
12:35-13:35 Вовед во BIM и Revit (45 мин.)- Lars Oberwinter (на англиски јазик)
• Што е BIM? Кратко објаснување и значење
• Предности на BIM во однос на CAD
13:35-14:20 Основно моделирање во Revit (45 мин.)- Гоце Чавкоски
• Што е Revit и која е неговата улога
• Преглед на интерфејс: Ribbon, Properties, Project Browser
• Креирање на проект (нов фајл од темплејт)
• Поставување нивоа (Levels) и мрежи (Grids)
• Додавање ѕидови, подови, прозорци и врати
• Кратка демонстрација на скали и кров
• Основи на навигација во 3D
14:20-14:35 Погледи и визуализација (15 мин.)- Гоце Чавкоски
• Плански погледи, фасади и пресеци
• Креирање на нов пресек (Section)
• Основен 3D поглед и стилови на прикажување
Пауза 20 минути
14:55-15:10 Документација и листови (15 мин.)- Гоце Чавкоски
• Додавање ознаки (Tags), текст, коти (Dimensions)
• Креирање на листови (Sheets)
• Додавање план, пресек и 3D поглед на лист
• Подесување за печатење и eкспорт во PDF
15:10-16:40 Практична сесија, прашања и одговори (90 мин.)- Гоце Чавкоски
• Учесниците изработуваат мини-модел според дадени насоки
• Кратка дискусија: што научивме, прашања и одговори
Предавачи:
Ларс Обервинтер - Главен извршен директор во Пландата, Виена, Австрија (http://www.plandata.eu/). Консултантски, едукативни и развојни услуги за водечките компании на пазарот во областа на интердисциплинарна имплементација на БИМ и оптимизација на дигиталните процеси. Истражувачки асистент на Техничкиот универзитет во Виена. Истражување во областите на интердисциплинарно управување со БИМ податоци, CAD-автоматизација со помош на скрипти, оптимизација на интерфејсите и процесите. Предавања, публикации и написи во печатени медиуми во областите на делување. Наставна дејност на неколку јавни и приватни универзитети во Австрија.
Гоце Чавкоски - BOA Акаунт менаџер во Plandata со деветгодишно искуство. Сертифициран Revit и Autodesk инструктор. Основач на BIMsolutions.