Локација: Сала на Комора ОАИ
Комората на овластени архитекти и овластени инженери ве поканува на стручно предавање насочено кон техничко-технолошките аспекти на современото болничко градежништво. Со оглед на брзиот развој на дигитализацијата, болниците денес претставуваат најкомплексните објекти од аспект на интеграција на системи, енергетска ефикасност и специфични функционални барања.
Темата на предавањето е: „ПАМЕТНИ БОЛНИЦИ, ПАМЕТНО ЗДРАВСТВО. КАКО ДО НИВ?“
Предавач: Миле Дуковски, Дипл. Инж. По Физика