Локација: Сала на Комора ОАИ
Ве известуваме дека на 12 мај 2026 година (вторник), со почеток во 14:00 часот, во просториите на Комората ќе се одржи презентација на тема:
„Одржливост кај старите и новите градби, со новата генерација системи за обвивка на зградата“
Фокусот на оваа презентација ќе биде ставен на современите решенија за енергетска ефикасност и одржливост, со посебен акцент на иновативните системи за фасадни обвивки кои нудат одговор на климатските предизвици и потребите на модерното домување.
Презентацијата ќе ја спроведе Ивана Цимешиќ, магистер по архитектура на Универзитетот за архитектура, градежништво и геодезија (УАСГ) во Софија. Како дел од тимот на интернационалната фирма АЛУКОНИГШТАЛ од 2018 година, таа е насочена кон имплементација на најновите светски тенденции во фасадните конструкции и одржливото градење.
По завршување на официјалниот дел ќе биде организиран пригоден коктел за дружење и размена на искуства.
Информации за настанот:
Датум и час: 12 мај 2026 година, во 14:00 часот
Место на настанот: Сала за конференции во Комора ОАИ