Локација: Сала за состаноци при Комората на ОАИ
ИЗРАБОТКА НА ВЕРТИКАЛНА СООБРАЌАЈНА СИГНАЛИЗАЦИЈА - КВАЛИТЕТ, БАРАЊА И ПРИМЕНА
Предавачи на овој настан ќе бидат:
Интензивниот развој на современите технологии во последните години придонесе за нивна зголемена примена во областа на сообраќајната сигнализација. Употребата на нови материјали за вертикалната сообраќајна сигнализација, начинот на нивното производство, видовите, квалитетот, препознавање и контрола преставува предизвик како за произведувачите така и за проектантите и изведувачите. Овие предавања треба да овозоможат размена на искуства, можни решенија на практичните проблеми, препораки за употреба на барањата од Правилникот за сообраќајните знаци, опрема и сигнализација на патот и дефинирање на нивото на потребниот квалитет на нејзината практична примена. Преку овие предавања и меѓусебната размена на искуства во оваа област и осознавање на можните решенија ќе се овозможи унапредување на знаењата и подигање нивото на стручност на сообраќајните инженери.
На секој учесник со ќе му се додели сертификат за континуирано стручно усовршување.