Локација: Сала за конференции во Комората
На 10 мај 2019 година, во просториите на Комората, со почеток во 9.30 часот ќе се одржи работилница на тема Одржлив енергетски развој – структура, улоги и активности. Оваа работилница е дел од трилатералната соработка помеѓу Агенцијата за енергетика на Република Северна Македонија, Бугарската агенција за одржлив енергетски развој и Комората на овластени архитекти и овластени инженери.
Во рамките на настанот ќе биде потпишан Меморандум за соработка на Агенција за енергетика на Република Северна Македонија со Комората ОАИ.
Преземи агенда во делот за повеќе информации