Локација: Амфитеатар на Градежниот факултет
Со оглед на големиот интерес за предавањето „Колапсот на мостот Polcevera Morandi во Џенова во 2018 година“ од Проф. Ензо Сивиеро, Комората организира и второ предавање на истата тема, истиот ден, на 21 мај во Амфитеатарот на Градежниот факултет, со почеток во 15 часот.
Напоменуваме уште еднаш – второто предавање ќе се одржи на Градежниот факултет, а не во просториите на Комората.
-
Колапсот на мостот Полкувера Моранди / Polcevera Morandi во Џенова, на 14-ти август 2018 година, го oстави светот на инженерството зачуден. Причината, дури и сега, не е целосно разјаснета.
Проф. Ензо Сивиеро / Enzo Siviero ќе се осврне на дизајнот на мостот долг 1200 метри, и ќе ги образложи опциите за негова реконструкција, наспроти неговото целосно рушење.
Јазик: Англиски
Предавач: Проф. Ензо Сивиеро, Италија