Локација: Хотел DoubleTree by Hilton во Скопје
Со задоволство Ве покануваме на конференцијата „Квалитетна арматура - безбедни градби“, на која ќе бидат претставени значајни информации и трендови во областа на стандардите за квалитет и безбедност на арматурата. Конференцијата е во организација на „Дојран стил“, водечки производител на челични производи за различни намени, во соработка со Градежниот факултет - Скопје, Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија - Скопје, Институтот за стандардизација на Северна Македонија, Стопанска комора на Македонија - Здружение на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите и Комората на овластени архитекти и овластени инженери.
Во делот за повеќе информации можете да преземете агендата на конференцијата.