Локација: Сала за конференции во Комората
Почитувани,
КОАИ во рамките на своите надлежности потребно е да обезбеди континуирано стручно усовршување на своите членови. Во рамките на работата на Одделението на сообраќајни инженери се организира настан со предавање на тема:
ИЗРАБОТКА НА ХОРИЗОНТАЛНА СООБРАЌАЈНА СИГНАЛИЗАЦИЈА - КВАЛИТЕТ, БАРАЊА И ПРИМЕНА
Предавач на овој настан ќе биде:
- Бранислав Ловриќ, инженер технолог за материјали за хоризонтална сообраќајна сигнализација, Србија
Интензивниот развој на современите технологии во последните години допринесе за нивна зголемена примена во областа на сообраќајната сигнализација. Употребата на нови материјали за хоризонтала сообраќајна сигнализација, начинот на нивното производство, видовите, квалитетот, препознавањето и контролата преставува предизвик како за произведувачите така и за проектантите, надзорите и изведувачите. Овие предавања треба да овозможат размена на искуства, можни решенија на практичните проблеми, препораки за употреба на барањата од Правилникот за сообраќајните знаци, опрема и сигнализација на патот и дефинирање на нивото на потребниот квалитет на нејзината практична примена. Преку овие предавања и меѓусебната размена на искуства во оваа област ќе се овозможи унапредување на знаењата и подигање нивото на стручност на сообраќајните инженери.
На секој учесник со ќе му се додели сертификат за континуирано стручно усовршување.