Настани и конференции

×

Порака

Заштита на лични податоци и користење колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. Со користење на нашата веб страница, вие се согласувате дека можеме да ги поставиме овие типови колачиња на вашиот уред.

Погледни детали

Не се согласивте колачиња да бидат запишани на вашиот уред. Оваа одлука може да се смени.

Вебинар за DYNAMIX MAPPER - Уникатно технолошко решение за 3Д реконструкција

Домашни
Датум: Среда, 31 Март 2021 11:00

Локација: ZOOM платформа

Dynamix Mapper претставува иновативно софтверско решение за 3Д реконструкција преку обработка на видеозапис. На овој начин се унапредува фотограметрискиот пристап за креирање реални геометриски форми и драстично се намалува времето потребно обработка на податоцитe. Паралелно, се зголемува квалитетот и прецизноста на крајниот 3Д модел. Продуктите кои се добиваат (облак од точки, ортофото, Mesh) се компатибилни со сите софтвери кои поддржуваат растерски и 3Д формати. Начинот на кој се креира 3Д моделот, овозможува процесирање со голема брзина, приближна со конкурентските системи кои користат LiDAR технологија. За разлика од високите цени на LiDAR технологијата, цената на продуктот и цената за експлоатација е многу ниска и е во ранг на софтверските решенија кои користат стандарден фотограметриски пристап.

Овој пристап е иновативен и досега нема слично софтверско решение на светскиот пазар.

Во вебинарот покрај генералниот опис на Dynamix Mapper, поконкретно ќе се осврнеме на неговата примената во:

  • 3Д реконструкција со цел пресметување на количини на ископ/ насип;
  • Пресметување количини на депониран материјал;
  • Инспекција на објекти и недостапни подрачја;
  • Инспекција и следење на фазите на градилиште;
  • Изработка на 3Д модели за реконструкција на објекти;
  • Изработка на 3Д модели за санирање свлечишта;
  • Брза 3Д реконстукција на големи подрачја погодени од природни непогоди (поплави, земјотреси итн.);
  • Премер за потребите за изработка на геодетски подлоги за идејни и основни проекти.

 

ПРЕЗЕНТЕРИ:
Проф. д-р Миле Станковски, професор на факултет за електротехника и информациски технологии при УКИМ Скопје и CЕО на VISION DYNAMIX.
Мр. Душко Муртовски, дипл.ел. инж. CTO на VISION DYNAMIX.
Мр. Ангел Ајкоски, дипл. геод. инж.

 

Линк за регистрација

 

E-пошта
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.