Локација: ZOOM
Ни причинува задоволство да Ве поканиме на доделувањето на наградите на меѓународниот архитектонски конкурс New Spatial Reality of Cities Post-Covid 19 кој ќе се одржи во среда, 17.11.2021 година со почеток во 10 часот, организиран како онлајн настан на Zoom платформата.
Проектантскиот предизвик на меѓународниот архитектонско-урбанистички конкурс „Новата просторна реалност на градовите пост Ковид-19“ е да се замисли новата просторна и општесвена реалност на градовите во светот, да се истражат нови концепти или да се преиспитаат постоечките концепти во архитектонското проектирање и урбанистичкото планирање кои потврдуваат дека се застарени во пост Ковид-19 општеството, а на моменти и опасни поради нивната неможност да обезбедат безбедна основа за задоволување на основните човекови потреби и активности. Меѓународниот архитектонско-урбанистички конкурс „Новата просторна реалност на градовите пост Ковид-19“ промовира нови, иновативни и радикални просторни парадигми и проектантски концепти во архитектурата и урбанистичкото планирање кои ќе бидат основа за поширока дебата за иднината на живеењето во градовите во периодот после пандемијата од Ковид-19 вирусот, период кој ќе биде обликуван пред се од правилата и логиката на новата био-политичка парадигма.
Организатори на конкурсот се Архитектонски факултет Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Комора на овластени архитекти и овластени инженери на РСМ.
AWARD CEREMONY - International Architecture Competition - THE NEW SPATIAL REALITY OF CITIES POST - COVID19
Time: Nov 17, 2021 10:00 AM Sarajevo, Skopje, Zagreb
Join Zoom Meeting
https://us02web.zoom.us/j/85321911263
Meeting ID: 853 2191 1263