Локација: Бања Лука
Ве информираме дека повикот за аплицирање за конференцијата STEPGRAD 2022 е отворен!
Доколку сте заинтересирани за учество можете да добиете повеќе информации и да се регистрирате преку веб страната https://stepgrad2022-sr.aggf.unibl.org/
Главната цел на меѓународната конференција Современа теорија и практика во градежништвото XV е поврзување на науката, професијата и образованието во областа на градежништвото со акцент на процесот на интегритет и интердисциплинарност преку тематски и содржински концепт. Програмата на СТЕПГРАД конференцијата опфаќа актуелни теми од областа на градежништвото, геодезијата, архитектурата, урбанизмот и сродните научни дисциплини, со посебен акцент на образованието во современото градежништво. Се очекува преку современи и разновидни теми научници и експерти од различни профили кои се занимаваат со градежништво да ги разменат своите искуства и да укажат на новите трендови и достигнувања на ова широко поле.