Настани и конференции

×

Порака

Заштита на лични податоци и користење колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. Со користење на нашата веб страница, вие се согласувате дека можеме да ги поставиме овие типови колачиња на вашиот уред.

Погледни детали

Не се согласивте колачиња да бидат запишани на вашиот уред. Оваа одлука може да се смени.

Работилница - Проект за поврзување на локални патишта - Светска Банка

Домашни
Датум: Вторник, 27 Септември 2022 10:00

Локација: Хотел Хилтон - Скопје

Имаме чест да Ве поканиме на работилница поврзана со Проектот за поврзување на локални патишта која ќе се одржи на 27 Септември 2022 година во хотел Хилтон во Скопје со почеток во 10 часот. Работилницата е организирана од страна на Светска Банка и Министерството за транспорт и врски. 

На работилницата учесниците ќе имаат можност да се запознаат со проектот и досегашните достигнувања и да видат неколку добри примери од општините во Северна Македонија, како и да се запознаат со актуелните трендови во пристапите за урбана мобилност во Европа. Ќе има сесија за концептот на улици погодни за живеење кои се дизајнирани да ги ревитализираат урбаните области, да го намалат загадувањето и да ја подобрат безбедноста на патиштата преку паметно редизајнирање на патиштата и управување со транспортот.  

Во прилог Ви доставуваме Агенда и линк за следење на настанот доколку не сте во можност физички да присуствувате: https://worldbankgroup.webex.com/worldbankgroup/j.php?MTID=m677253d262cbeead8dc2fbdca986bb16