Локација: Офицерскиот дом Битола | Град: Битола, РС Македонија
Комората на овластени архитекти и овластени инженери има чест да Ве покани на Прва Годишна средба на архитекти и планери, која ќе се одржи во Офицерскиот дом во Битола, на 23.12.2022 (петок), со почеток од 12:00 часот.
Во првиот дел од средбата, професорката Димитра Фига од Универзитетот „Аристотел“ од Солун, ќе одржи презентација од нејзината работа, додека во вториот дел од средбата се планираат дискусии помеѓу присутните на теми кои ги засегаат архитектите и планерите. На настанот ќе бидат презентирани Ценовникот за инженерски услуги за високоградба и Тарифникот за урбанистичко планирање, како и предизвиците за нивно донесување и нивно спроведување.
Aгенда:
11:30-12:00 - Регистрација
12:00-12:30 - Поздравни обраќања
12:30-13:30 - Презентација „Архитектонски интервенции во историски контекст“, Dimitra Figa, GR
13:30-14:15 - Кафе пауза
14:30-16:00 - Дискусија со широкото членство на актуелни теми:
16:00-18:00 - Коктел