Локација: Сала на Комора ОАИ
На 23 март 2023 година, во просториите на Комората ќе се одржи презентација на компанијата Reynaers Aluminium.
Reynaers Aluminium е водечка европска компанија специјализирана за развој на иновативни и одржливи алуминиумски решенија за прозорци, врати и фасади. Заедно со партнерите, тие се фокусираат на создавање енергетски ефикасни, одговорно направени производи кои прават разлика за домовите, зградите и луѓето на кои им служат.
Комбинацијата од дизајн, технологија и дигитализација води до создавање на иновативни решенија кои додаваат вредност и поттикнуваат за градење одржливи згради.
Покрај широк спектар на стандардни решенија, тие исто така развиваат решенија прилагодени за сите пазарни сектори - од станбени до деловни и индустриски објекти. Висококвалитетните системи ги исполнуваат најстрогите барања во однос на удобност, безбедност, архитектонски дизајн и енергетска ефикасност. Reynaers не е само добавувач, туку и посветен партнер - за архитекти, производители, планери, инвеститори и крајни корисници.
Reynaers Aluminium е основан во 1965 година и е дел од Reynaers Group, која моментално има над 2.000 вработени во повеќе од 40 земји низ светот и извезува во повеќе од 70 земји на 5 континенти.
Презентацијата ќе биде проследена со пригоден коктел.