Локација: Универзитет Гоце Делчев Штип - Голем амфитеатар - Кампус 2 | Град: Штип
Комората на овластени архитекти и овластени инженери има чест да Ве покани на Регионална средба на архитекти и инженери, која ќе се одржи во Големиот амфитеатар - Кампус 2 на Универзитет „Гоце Делчев“ Штип во Штип на 23.09.2023 година (сабота), со почеток од 12:00 часот.
По поздравните обраќања на настанот ќе бидат презентирани Ценовникот за инженерски услуги за високоградба и Тарифникот за урбанистичко планирање, динамиката на обуките и подготовка за примена на Еврокодови и ќе биде отворена дискусија за предизвиците во професијата на централно и регионално ниво. Регионалната средба со колегите архитекти и инженери од источниот регион се организира со цел да се приближи КОАИ до широкото членство, а со тоа и да се отвори можност за дебата помеѓу членството и раководството на Комората на теми кои ги засегаат архитектите и инженерите.
АГЕНДА
11.30 – 12.00 Регистрација на учесниците
12.00 – 12.20 Поздравни обраќања
- Кристинка Чулак, Претседател на КОАИ
- Благоја Бочварски, Министер за транспорт и врски
12.20 – 12.50 Ценовници за инженерски услуги и Тарифник за урбанистичко планирање
12.50 – 13.20 Еврокодови – обуки и подготовки за примена
13.20 – 14.00 Предизвици во професијата
14.00 – 15.30 Коктел