Настани и конференции

×

Порака

Заштита на лични податоци и користење колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. Со користење на нашата веб страница, вие се согласувате дека можеме да ги поставиме овие типови колачиња на вашиот уред.

Погледни детали

Не се согласивте колачиња да бидат запишани на вашиот уред. Оваа одлука може да се смени.

Дебата: ТРАНСФОРМАЦИЈА – модернистичко архитектонско наследство

Домашни
Датум: Четврток, 21 Март 2024 18:00

Локација: АудиоКултура  |  Град: Skopje, North Macedonia

Објектите од постземјотресната обнова на Скопје после 1963 година, меѓу кои и извонредни примери кои претставуваат икони за тоа време, моментално се наоѓаат во различна состојба, поради недоволно и ненавремено тековно одржување и природните (атмосферски) влијанија. На кои начини поединци активно учествуваат во оживувањето на објектите од модерната архитектура преку свои иницијативи и активизам, и какво влијание имаат врз свеста на јавноста за значењето на оваа архитектура?

Ве покануваме на дебата на тема „ТРАНСФОРМАЦИЈА-модернистичко архитектонско наследство“ која ќе се оджи на 21 Март (четврток) во 18:00 часот во АудиоКултура (ул. Хелсинки 13, Карпош-Скопје) во организација на BIG SEE - платформа за истражување на креативната индустрија во Југоисточна Европа.

Подетални информации може да најдете на сајтот на BIG SEE - https://bigsee.eu/big-see-debate-skopje-2024/

Ве молиме потврдете го вашето присуство со регистрација на линкот: https://bigsee.eu/big-see-debate-skopje-registration/

 

Поради голем интерес за дебатата, а поради ограничениот капацитет на просторот, организаторот овозможи он-лине пренос на дебатата кој може да го следите во живо на Facebook https://www.facebook.com/bigseemacedonia/

 

Адреса
Helsinki 13
Skopje 1000, North Macedonia

 

Мапа