Локација: Сала на Комора ОАИ
Презентација на НАЦРТ ПРАВИЛНИК ЗА МЕРКИТЕ ЗА ЗАШТИТА ОД ПОЖАРИ, ЕКСПЛОЗИИ И ОПАСНИ МАТЕРИИ изработен од страна на Комората со подршка од ДЗС како предлог подзаконски акт - Краток осврт на содржината и актуелни теми од областа на заштита на пожари.
Препознавајќи ја потребата и предизвиците со кои се соочуваат членовите на КОАИ, во текот на 2022 и 2023 година Комората проактивно работеше на изработка на Нацрт правилник за мерките за заштита од пожари, експлозии и опасни материи. Тимот кој работеше на него се состоеше од претставници од сите одделенија на Комората, за да може секој во својата област да даде соодветен придонес.
Нацрт правилникот е во тек со европските прописи за предметната проблематика, но истовремено е адаптиран на локалните услови. Дел од постоечките прописи се интегрирани во него, додека дел од нив се задржуваат и Нацрт-правилникот се повикува на нив, секако водејќи сметка да се спречат конфликти.
Со оваа Презентација сакаме да ја запознаеме јавноста која работи во областа на заштита од пожари, од една страна инженерите – проектанти, надзори, изведувачи, ревиденти; а од друга страна преставниците на органите на надлежни за спроведување на законската регулатива, и секако, вршење на контрола над нивната имлементација. По оваа презентација, планирани се соодветни анкети / работилници / трибини за негова разработка, каде секако ќе бидат добредојдени коментари.