Локација: Сала на Комора ОАИ
Во четврток, на 12 декември 2024 година, со почеток во 11 часот, Project biro Utiber doo во просториите на Комората, ќе одржи презентација наменета за електро инженери, насловена „Системи за телекомуникации, сигнализација и контактна мрежа“ поврзана со проектот Брза пруга: Нови сад - Суботица - Келебија - Визија на поврзување на Западен балкан.
Project biro Utiber doo е основан на почетокот на јуни 2014 година како заедничка српско-унгарска компанија и е во сопственост на реномираната унгарска компанија Utiber Közúti Beruházó Kft. (www.utiber.hu). Имајќи ја предвид важноста од поврзувањето на унгарските и српските компании и учеството во големи инфраструктурни проекти во регионот, се појави идеја и потреба да се основа компанија како Project biro Utiber Ltd., која ќе го прошири бизнисот на Utiber Közúti Beruházó Kft. на територијата на Србија, во согласност со законодавството на Република Србија и државите на Западен Балкан.
Стручниот тим на Проектнo Биро Utiber пристапува кон секој проект со фокус кој ги почитува барањата на клиентот во комбинација со најновата технологија и прифаќање на еколошките, како правните и економските услови на животната средина.