Локација: Сала на Комора ОАИ
Во вторник, на 10 декември 2024 година, со почеток во 9.45 часот, во салата за конференции на Комората ОАИ, Техничкиот комитет на ИСРСМ ТК 25 организира јавна расправа за новиот национален стандард „Н МКС 1030 - Правила за примена на МКС EN 13670:2010 Изведување на бетонски конструкции“.
Настанот има за цел да го претстави стандардот, да го хармонизира националното законодавство со европските стандарди и да ја поттикне јавната дискусија за подобрување на градежните практики.
Подолу на страницата можете да ја преземете агендата.