Локација: Сала на Комора ОАИ
Ве покануваме на настан организиран од Енергија доо и TOSHIBA Air Conditioning, овластен дистрибутер за Toshiba во Македонија, специјализирана компанија за уреди и системи за ладење, греење и климатизација иноватори на инвертер технологија. Темата на овој настан ќе биде „иновативни TOSHIBA USX модуларни инвертер чилери/топлински пумпи со висока енергетска ефикасност“, наменети за греење и ладење на комерцијални и индустриски објекти. Во вториот дел од презентацијата ќе стане збор и за резиденцијални решенија со Estia топлински пумпи.
Презентацијата ќе се одржи на 12-ти март 2025 година (среда), со почеток во 11.00 часот во големата сала на Комората. Настанот ќе трае приближно два ипол часа, проследен со пригоден коктел.
Предавач на настанот ќе биде Роберт Хорват, Проектен Инженер за Централна и Југоисточна Европа.