Локација: Амфитеатар на УИНТ „Св.Апостол Павле“ – Охрид
Регионалната средба на архитекти и инженери е планирано да се одржи во просториите на Амфитеатар на УИНТ „Св.Апостол Павле“ – Охрид на 22.03. 2025 година (сабота) со почеток од 11:00 часот.
Со задоволство Ве покануваме на 2-та регионална средба на архитекти и нженери во 2025 година, која ќе предходи на настанот „Начинот на Чипан“: изложба + дискусија + публикација. На собирот се поканети сите заинтересирани архитекти и инженери, активни членови на Комората од Западниот Регион и пошироко.
Организирањето на целодневен настан е со цел да се одбележи јубилеј - 70 години од изградбата на објектот на Феријалното одморалиште во Охрид и објавувањето на книгата „Стара градска архитектура во Охрид“ под авторство на Борис Чипан како и презентација на конкурсните проекти од неодамна спроведениот интернационален архитектонски конкурс „Наутички клуб – Охрид“.
На препладневниот дел од настанот покрај формалните воведни обраќања, ќе бидат презентирани Ценовникот за инженерски услуги за високоградба и Тарифникот за урбанистичко планирање, ќе се отвори дискусија по однос на нивната примена како и за предизвиците со кој секојдневно се соочувам во професијата на централно и регионално ниво.
Регионалната средба со колегите архитекти и инженери се организираат со цел да се приближи КОАИ до широкото членство, а со тоа и да се отвори можност за дебата помеѓу членството и раководството на Комората на теми кои ги засегаат архитектите и инженерите.
АГЕНДА за РЕГИОНАЛНАТА СРЕДБА/ претпладне/
Место: Амфитеатар на УИНТ „Св.Апостол Павле“ - Охрид
10.30 – 11.00 Регистрација на учесниците
11.00 – 11.15 Поздравно обраќање (Кристинка Чулак, Претседател на КОАИ)
11.15 – 12.30 Ценовник за инженерски услуги и Тарифник за урбанистичко планирање
12.30 – 13.30 Дискусија по однос на нивната примена како и за предизвиците со кој секојдневно се соочувам во професијата на централно и регионално ниво.
13.30 – 14.00 Коктел и неформално дружење
АГЕНДА за НАСТАНОТ „НАЧИНОТ НА ЧИПАН“ / вечерен настан/
Место: НУ Центар за култура „Григор Прличев“ - Охрид
17:45 – 18:00 Влез
18:00 – Панел дискусија: 1955 г. : Архитектонското наследство како основа за современо проектирање
19:00 – Изложба
19:30 – Панел дискусија: 2025 г.: Што со модернистичкото наследство денес? Архитектонскиот конкурс како алатка
20:30 – Изложба
*Влезот за вечерниот настан „Начинот на Чипан“ е слободен а подетални информации можете да прочитате во прилогот изготвен од тимот на АРХРИД (преземи)