Локација: НУ Центар за култура „Григор Прличев“ - Охрид
Со задоволство Ве покануваме на настанот „Начинот на Чипан“: изложба + дискусија + публикација во организација на АРХРИД колектив со финансиска поддршка од Општина Охрид и Комора на овластени архитекти и овластени инженери на РМ, во партнерство со TerraViva.
Организирањето на настан е со цел да се одбележи јубилеј- 70 години од изградбата на објектот на Феријалното одморалиште во Охрид и објавувањето на книгата „Стара градска архитектура во Охрид“ под авторство на Борис Чипан како и презентација на конкурсните проекти од неодамна спроведениот интернационален архитектонски конкурс „Наутички клуб – Охрид“.
Сесрдната подршка на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на РМ во организирањето на настани е со цел афирмација на современото архитектонско творештво преточено на овој тематски настан преку ретроспективното согледување на значењето на вредното проектантско и публицистичко творештвото на Чипан како архитект и конзерватор.
Подршката при организирањето на настани со мултимедијален карактер за колегите архитекти се приоритет на КОАИ како професионално здружение на архитектите и инженерите со цел да се приближи КОАИ до широкото членство, а со тоа и да се отвори можност за дебата помеѓу членството и раководството на Комората на теми кои ги засегаат архитектите и инженерите.
АГЕНДА за НАСТАНОТ „НАЧИНОТ НА ЧИПАН“ / вечерен настан/
Место: НУ Центар за култура „Григор Прличев“ - Охрид
17:45 – 18:00 Влез
18:00– 18:10 Поздравни обраќања
18:10 – Панел дискусија: 1955 г. : Архитектонското наследство како основа за современо проектирање
19:10 – Изложба
19:40 – Панел дискусија: 2025 г.: Што со модернистичкото наследство денес? Архитектонскиот конкурс како алатка
20:40 – Изложба
*Влезот за вечерниот настан „Начинот на Чипан“ е слободен а подетални информации можете да прочитате во прилогот изготвен од тимот на АРХРИД