Локација: Он-лајн
Хабот за циркуларна економија на Западен Балкан и шведската мрежа за циркуларна економија Cradlenet Ве покануваат на претстојниот онлајн настан што ќе се одржи на 4 февруари (10:00–11:30 CET), „Каде се губи и создава вредност: затворање на јазот на вредноста во градежништвото (Where Value Is Lost and Found: Closing the Value Gap in Construction)“, фокусиран на можностите за примена на циркуларни решенија во градежништвото.
Според Извештајот за јазот на вредноста (Value Gap Report), Шведска годишно губи околу 600 милијарди шведски круни (приближно 57 милијарди евра) во економска вредност поради линеарната економија, при што градежниот сектор се издвојува како најголемиот поединечен извор на загуба на вредноста. Во исто време, токму ова го прави градежништвото еден од секторите со најголем потенцијал за циркуларна трансформација.
За време на настанот, говорници од различни делови на Европа и Западен Балкан ќе споделат како пристапите на циркуларната економија можат да придонесат кон затворање на овој јаз, преку презентирање на конкретни податоци кои ја поддржуваат оваа теза, лидерство во јавниот сектор, иновативни алатки и реални примери од компании и општини кои практикуваат циркуларни практики.
Што ќе биде презентирано на настанот?
Настанот е наменет за компании, општини, практичари и креатори на политики кои се заинтересирани за економскиот, еколошкиот и социјалниот потенцијал на циркуларното градежништво.
Регистрирајте се за настанот преку следниот линк. Целосната агенда е прикачена во оваа е-пошта.
Настанот ќе биде на англиски јазик.