Локација: Сала на Комора ОАИ
Почитувани,
Ве покануваме да учествувате на Националниот информативен ден за програмата LIFE што ќе се одржи на 13 мај 2026 (среда), со почеток во 9:30 часот, во Комората на овластени архитекти и овластени инженери.
На настанот ќе се презентираат новите повици за проекти (LINK), клучни информации за начинот на финансирање, критериумите и постапките за аплицирање. Посебен акцент ќе биде ставен на можностите за државните институции, локалните власти, бизнисите, универзитетите и граѓанските организации, преку подготовка на квалитетни предлог проекти, активно да се вклучат во програмата LIFE.
Националниот информативен ден за програмата LIFE се организира во рамки на проектот „Кохерентни активности за градење на национални капацитети за LIFE Програмата во Северна Македонија“, во соработка со Комората на овластени архитекти и овластени инженери, со цел поттикнување понатамошна соработка меѓу релевантните засегнати страни.
Регистрацијата за учество е достапна на следниот линк: https://www.eulife.mk/events/national-eu-life-info-day/
Ве молиме да ја направите Вашата регистрација најдоцна до 11 мај 2026 година.
Поради ограничениот број на места, предност за учество на настанот ќе се доделува согласно редоследот на пријавување.
Поканата може да ја проследите и до други заинтересирани страни кои би имале интерес да присуствуваат на настанот.
Со почит,
Тимот на проектот eHUB4LIFE
Министерство за животна средина и просторно планирање