Локација: Сала на Комора ОАИ
Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАИ), во заедничка организација со Здружението Македонски комитет за големи брани Скопје (ЗМКГБ), Ве покануваат да земете учество на стручниот семинар посветен на најновите технолошки трендови во областа на инженерството за брани.
Овој семинар претставува уникатна можност за македонската инженерска заедница подлабоко да се запознае со еволуцијата на методите во оваа област — од класичните нумерички модели и методот на конечни елементи (креирање на „дигитален близнак“), па сè до најновите решенија базирани на вештачка интелигенција и машинско учење.
| Датум: | 16 септември 2026 година (среда) |
| Почеток: | 10:00 часот (регистрација од 09:00 часот) |
| Локација: | Простории на КОАОИ, Скопје |
| Организатори: | ЗМКГБ и КОАОИ |
Зошто да учествувате?
Семинарот е дел од континуираните настојувања на ЗМКГБ и КОАОИ за перманентно стручно усовршување на инженерскиот кадар (концептот на доживотно учење — Lifelong Learning). Ќе имате можност да слушнете предавања од врвни домашни и меѓународни експерти и да размените искуства со колегите од фелата.
Преземи постер: македонски | english
Предавањата се подредени според предвидениот редослед на излагање:
„Примена на дигитален близнак за проверка на стабилноста на надвишувањето на комбинирани јаловишни брани во тек на користење на хидројаловиштето“
Проф. д-р Љупчо Петковски (УКИМ, Градежен факултет Скопје)
„Креирање на дигитален близнак за анализа на конструкциската стабилност на бетонските брани - појава, еволуција и примена“
Проф. д-р Стевчо Митовски (УКИМ, Градежен факултет Скопје)
„Техничко набљудување на браните во Електрани на Македонија и анализа на податоците“
М-р Славко Милевски (АД ЕСМ)
„Вештачки невронски мрежи - концептуални поставки и примена во градежништвото“
Проф. д-р Маријана Лазаревска (УКИМ, Градежен факултет Скопје)
„Примена на техники на машинско учење за предвидување на дотекувањата и оптимално управување со акумулации“
Проф. д-р Тина Дашиќ (Универзитет во Белград, Градежен факултет)
„Од токени до одлуки: разбирање и примена на големи јазични модели во инженерството за брани“
Проф. д-р Фернандо Салазар Гонзалес (CIMNE, Политехнички универзитет во Каталонија, БарселонаТеx)
„Машинско учење во оскултација на брани и проценка на безбедноста: предвидување на порен притисок, реконструкција на податоци од мониторинг и анализа“
Вонр. проф. д-р Милица Марковиќ (Универзитет во Ниш, Градежно-архитектонски факултет)
„Машинско учење во инженерството за брани - аспекти на можности и ограничувања истражени преку студии на случај“
Асист. м-р Фросина Пановска Георгиевска (УКИМ, Градежен факултет Скопје)
Со особена чест и задоволство Ве покануваме да го потврдите Вашето учество и да бидете дел од овој исклучителен настан. Ве очекуваме!