Настани и конференции

×

Порака

Заштита на лични податоци и користење колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. Со користење на нашата веб страница, вие се согласувате дека можеме да ги поставиме овие типови колачиња на вашиот уред.

Погледни детали

Не се согласивте колачиња да бидат запишани на вашиот уред. Оваа одлука може да се смени.

Енергетска ефикасност на згради и нивна пожарна безбедност

Едукација
Датум: Петок, 30 Јануари 2015 09:00 - 14:30

Локација: Градежен факултет при УКИМ  |  Град: Скопје, Македонија

Краток вовед во презентациите и инфо за предавачите

ПРЕЗЕНТАЦИИ

Енергетската ефикасност на објектите и законската регулатива – Презентацијата дава краток осврт на македонската и на европската регулатива каде се истакнува нејзината важност за правилна имплементација на истата и добивање на саканите ефекти. Примената на енергетската ефикасност на новите и старите објкети и важноста на изборот на материјали како битен елемент во идната енергетска одржливост на Република Македонија како земја увозник на енергија.


М-р Блашко Димитров, дипл. град. инж. е претседател на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, со работно искуство повеќе од 35 години. Учесник е во проектирање, ревизија, изведба и надзор на повеќе објекти во Република Македонија, од кои позначајни се РОЦ Тораница, ХЕЦ Козјак, ХС Лисиче, ХЕЦ Св. Петка, ФЕНИ и др. Учесник е со свои трудови на повеќе од 20 меѓународни конгреси од областа на градежништвото.


Др. Петар Николовски, дипл. инж. арх. теоретски и практично се занимава со градежна физика повеќе од 45 години. Автор е на повеќе книги од оваа област, а докторската дисертација на тема “Линеарни топлински мостови во згради во сеизмички региони“ ја има одбрането во Софија, пред Вишата атестациона комисија при бугарската Академија на науки. Николовски повеќе од 15 години го води Техничкиот комитет ИСРМ ТК8 за стандарди од областа топлински карактеристики на згради

Доц. д-р инж. Иван Тодоров, декан на факултетот "пожар и заштита на населението" на Академијата на Министерството за внатрешни работи, е искусен експерт од областа на противпожарната заштита со преку  100 научни публикации во Бугарија и во странство.


 Проф. Д-р Дубравка Бјеговиќ, редовен професор на Градежниот факултет при Универзитетот во Загреб, Република Хрватска и поранешен Декан на факултетот, како и помошник на генералниот директор на Хрватскиот институтот за градежништво IGH, Претседател на Научниот одбор на Хрватскиот институтот за градежништво IGH и Раководител на последипломски специјалистички студии по пожарно инженерство.


 

инж. Бойко Димитров Пенев

Дипломирал на Универзитетот на градежништво, архитектура и геодезија - Софија, Градежен факултет, отсек "Индустриско и градежништво ", моментално Продукт менаџер во "КСЕЛА Бугарија" ДООЕЛ.


 Проф. Д-р Мери Цветковска е редовен професор на Градежниот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, како и визитинг професор на Градежниот факултет при Универзитетот во Подгорица, Црна Гора и на Факултетот за технички науки при Универзитетот во Нови Сад, Србија, за предметот “Пожарна отпорност на конструкции”. Цветковска е моментален Проректор за меѓународна соработка на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.

 

Телефон
+389 2 3 222 356
E-пошта
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса
Faculty of Civil Engineering, Blvd Partizanski Odredi, Skopje 1000, Macedonia (FYROM)
Скопје, Македонија

 

Мапа