Локација: Хотел Александар Палас, Конгресна сала 3 | Град: Скопје, Македонија
Книгата насловена Градови за луѓе, од Проф. Јан Гел од Данска се смета за една од најмаркантните светски дела од областа на урбанизмот, и е преведена на 35 јазици. Оваа година, Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија ја преведе и издаде книгата и на македонски јазик.
По тој повод, Комората, на 5 септември организира промоција на македонскиот превод на книгата Градови за луѓе, a како дополнителен настан ќе се одржи работилница насловена Скопје-Град за луѓе. Агендата можете да ја преземете на линкот во делот Информации.
Професор Јан Гел е доајен на проектирањето на јавни простори и незаменлив филозоф кој се бави со градовите, а неговите домети се навистина глобални. Во своето 6 децениско творење, Јан Гел освен што e автор на бројни дела од областа на урбанизмот, предавал на Данската кралска академија и активно работел на урбанистичкото усовршување на Копенхаген, Ротердам, Стокхолм, Лондон, Мелбурн, Сиднеј, Сан Франциско, Сиетл, Њујорк, Москва итн.
Ве покануваме да се регистрирате за да земете учество на овој целодневен настан.