Локација: Сала за конференции во Комората
Согласно Законот за градот Скопје, Град Скопје има надлежност за утврдување на стандарди и давање согласност за поставување на времени објекти и урбана опрема на подрачјето на градот Скопје.
Во тековното работење, при контрола на елаборатите поднесени до Град Скопје, одговорните лица од градот констатирале одредени отстапувања и недоследности при изработка на елаборатите. Недоследното претставување на постоечката состојба при изработка на елаборатите, предизвикува потенцијална опасност за граѓаните при движење на тротоарите и во пешачките зони во Град Скопје.
Во насока на надминување на оваа неоптимална состојба, Комората во соработка со градот Скопје и РСБСП-Републички совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, организира работилница на која ќе се дискутираат актуелните проблеми и ќе се достават предлози за нивно решавање.
Презентации ќе одржат: