Локација: Сала за конференции во Комората
На 3 октомври 2018 година, во салата за конференции на Комората ОАИ стручен тим од ETI Elektroelement - Излаке, Словенија, ќе одржи презентација на тема: „Пренапонска заштита во нисконапонските мрежи и заштита на фотоволтаични системи – Green Protect“.
Предавањата имаат за цел унапредување на стручните познавања за пренапонска заштита во нисконапонските системи, како и соодветната заштита на фотоволтаичните системи. Пренесување на информации за Eвропските стандарди и прописи за заштита со кои овие системи се усогласени. Запознавање со новите и подобрени технички карактеристики на опремата за заштита на електричните инсталации и примена во проектирањето и имплементацијата.
Семинарот ќе опфати 3 модули и тоа:
Предавач: м-р Франц Јенко, дипл. ел. инж., ETI Elektroelement, Словенија
Дата и час: 03 октомври 2018, во 12:00 часот