Локација: Охрид
Од 4 до 6 октомври 2018 година во Охрид ќе се одржи Меѓународната конференција „Енергетика 2018“.
Главни цели на конференцијата се да обезбеди размена на знаење, информации, постигнувања и искуства помеѓу експертите од областа на енергетиката од стопанството, приватните компании, истражувачките центри, универзитетите и други заинтересирани страни од Р.Македонија и странство.
Според темите, енергетската заедница ќе ги презентира и дискутира предизвиците со кои се соочуваат енергетските компании, инвеститорите и корисниците во современата пазарно-ориентирана околина.
Исто така, на конференцијата ќе се идентификуваат механизми за надминување на проблемите во енергетскиот сектор и ќе се охрабри меѓусебната соработката на учесниците.
Детали за конференцијата можете да преземете во делот за повеќе информации.