Локација: Плав амфитеатар во ИБУ
Интернационалниот Балкански Универзитет (ИБУ) од Скопје, продолжува со серијата на предавања на реномирани професори познати во светот во областа на Градежништвото/Земјотресното Инженерство. По предавањата кои ги одржа Проф. М. Калви од Италија, на 29 Октомври, гостин на ИБУ ќе биде, познатиот меѓународен експерт за високи згради, Проф. А.Вада од Јапонија.
Професор Вада ќе одржи предавање под наслов:
„RECENT EARTHQUAKES AND NEW CONCEPTS FOR EARTHQUAKE-RESISTANT DESIGN“
Кусата биографија на Проф. А.Вада може да ја преземете подолу во делот за информации.