Монографија

MONOGRAFIJA

 

 

 

 

 

 

Флаер

Komora trifold web 18.07.2017 001

Брошура

Broshura Komora web 18.07.2017 001

Монографија Инженерски прстен

MonografijaInzPrsten

 

 

 

 

 

 

2. Во која форма сакате да го добивате списанието на Комората - ПРЕСИНГ?

Cert Logo DAS 9001 web

 

ПРЕСИНГ БР. 49
Pin It

pdf iconПРЕСИНГ БР.49

ТРАДИЦИЈА И НАПРЕДОК

Инженерството како струка има долга традиција во нашата земја. Неколку големи јубилеи се одбележаа оваа и минатата година, и тоа: 100 години од првото Инженерско здружение, 70 години од формирањето на Градежниот факултет, 60 години од формирањето на Машинскиот и Електротехничкиот факултет, 55 години од постоењето на ИЗИИС и 45 години од работењето на ГИМ. Значајно е да се нагласи ова затоа што традицијата значи одржливост низ годините, успешност и квалитет во работењето.
Секое време носи свои предизвици и само најподготвените со јасна визија за развој ќе можат да одржат чекор со напредокот. Во ова време на брз технолошки развој, примена на дигитални технологии и примена на секундарни ресурси во производство на материјали, потребно е да постои отвореност кон нови постигнувања и знаења, нови производи и пристапи кон нови решенија.
Сведоци сме на глобализација, процес кој не е секогаш правичен и не води сметка за помалите и помалку развиените. И покрај тоа, како пазар не смееме да дозволиме да бидеме изолирани. Мора да се отвориме за странските компании, но уште позначајно е да им се наметнеме како сериозни партнери и соработници во заеднички настап. На тој начин ќе се трансферира знаењето и технологиите, а со секојдневното унапредување на инженерскиот производ, ќе ги подигнеме стандардите на градба и ќе ги намалуваме разликите. Постојат и други предизвици, како што е одливот на квалификуван кадар и работна сила. Овој негативен тренд може да се намали доколку ја зголемиме атрактивноста на техничките професии, да се подобрат условите за работа и да се зголемат платите.
Пазарот на труд бара широко образовани инженери со мултидисциплинарни познавања, подготвени брзо да се приспособат на секоја работна задача, особено во услови на помали пазарни економии, како што е нашата. Ова е јасен сигнал дека се неопходни реформи и во образовниот процес преку воведување на програми кои ќе бидат во согласност со потребите на стопанството. Треба повеќе да се работи на подигање на нивото на применетите научни сознанија преку формирање на истражувачки развојни бироа со задача да го концепираат најдоброто и најекономично решение за секој проект, користејќи ги најмодерните научни и стручни сознанија. Истото е лесно остварливо, доколку постои партнерска соработка со научно-истражувачките институти и факултети, односно заедничко учество на проекти за подигање на професионалниот капацитет. За да се унапреди професијата, клучно е да постои размена на искуства и знаење за што КОАОИ организира континуирани стручни обуки за континуиран сопствен развој.
Покрај интелектуалниот капитал, потребно е да има и капитални инвестиции, големи проекти кои ќе ги селектираат најуспешните компании и најдобрите инженерски решенија. Напредокот, секако, не е можен и без соодветна законска регулатива, правилници со јасни процедури, права и обврски и систем на вредности, систем кој ги наградува добрите практики, но, исто така, ги санкционира лошите.
Наша должност и обврска е зачувувајќи ја традицијата, да го унапредуваме местото на инженерот во општеството со што ќе се подигнат и стандардите во професијата.

Проф. д-р Јосиф Јосифовски
Главен и одговорен уредник на „Пресинг“