×

Порака

Заштита на лични податоци и користење колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. Со користење на нашата веб страница, вие се согласувате дека можеме да ги поставиме овие типови колачиња на вашиот уред.

Погледни детали

Не се согласивте колачиња да бидат запишани на вашиот уред. Оваа одлука може да се смени.

ПРЕСИНГ БР. 51
Pin It

pdf iconПРЕСИНГ БР.51

2020 ГОДИНА – КАКО НИЕДНА ДОСЕГА

Со овој 51. број на „Пресинг“ ја заокружуваме 2020 година, година која многумина од нас не можеа ниту да ја замислат, а не да ја живеат.
Ова беше година одбележана од пандемијата предизвикана од вирусот ковид-19 кој брзо се рашири и засекогаш ги промени нашите животи. Едно е сигурно, 2020 година е како ниту една досега. Целото човештво е соочено со еден невиден предизвик досега, во борбата против глобалната пандемија. Таа сериозно влијаеше врз сите нас, врз начинот на кој живееме и работиме, целосно ги промени нашите животи, ги „паузираше“.
Сепак, овој голем предизвик инспирираше многумина од нас несебично да се вклучат во борбата против оваа пандемија на најдобар начин на кој умеаат и можат. Сите тие се наши херои, наставниците кои работеа напорно за да обезбедат квалитетна едукација за децата, војската, полицијата, но најмногу од сите – медицинските лица, сестри и лекари, кои несебично дури и по цена на својот живот им помагаа на сите заболени. Воедно заслужуваат да се споменат и инженерите, градежниците, кои практично и не запреа со своите активности, со изградбата, како и сите останати кои своите задолженија и обврски продолжија да ги извршуваат одговорно, а со тоа помогнаа во одржување на нормалноста и функционалноста на институциите.
Сè на сè, постигнавме многу, брзо реагиравме за да се приспособиме како општество на новосоздадените услови. Сега, повеќе од претходно, треба да бидеме оптимисти, да веруваме дека многу скоро, следната година, ќе можеме да се вратиме во нормала, на животот пред оваа пандемија. Се надевам дека следната година можеме да постигнеме уште повеќе и дека од оваа пандемија ќе излеземе сите подобри. Некои од работите кои сега сме принудени да ги почитуваме или применуваме, сигурен сум дека во иднина можат да го унапредат нашиот начин на живеење и работење и дека истите ќе продолжат да се практикуваат долго откако ќе заврши оваа пандемија.
Крајот на годината е време кога се прави пресек и сумира постигнатото, време кога се потсетуваме на убавите работи и се заблагодаруваме на сите кои ја обележале годината. Затоа, прво сакам да им се заблагодарам на сите автори кои со своите текстови придонесоа оваа година нашето списание да биде уште побогато и поинтересно.
Сакам да се заблагодарам и на сите членови на Комората на овластени архитекти и инженери и нејзиното раководство за поддршката на „Пресинг“ не само за оваа, туку и за сите изминати години. Се надевам дека успеавме да ја исполниме нашата мисија во навремено информирање и едуцирање на членството.
На крајот сакам да завршам со ведра нота посакувајќи да ја дочекаме Новата 2021 година во добро здравје, и се надевам дека во неа ќе
успееме да ја победиме оваа пандемија и да ги надминеме последиците.

Среќна Нова 2021 година и честит Божиќ!

Проф. д-р Јосиф Јосифовски
Главен и одговорен уредник на „Пресинг“