Монографија

MONOGRAFIJA

 

 

 

 

 

 

Флаер

Komora trifold web 18.07.2017 001

Брошура

Broshura Komora web 18.07.2017 001

Монографија Инженерски прстен

MonografijaInzPrsten

 

 

 

 

 

 

2. Во која форма сакате да го добивате списанието на Комората - ПРЕСИНГ?

Cert Logo DAS 9001 web

 

×

Порака

Заштита на лични податоци и користење колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. Со користење на нашата веб страница, вие се согласувате дека можеме да ги поставиме овие типови колачиња на вашиот уред.

Погледни детали

Не се согласивте колачиња да бидат запишани на вашиот уред. Оваа одлука може да се смени.

ПРЕСИНГ БР. 53
Pin It

pdf iconПРЕСИНГ БР.53

УРБАНИСТИЧКИ РИНГИШПИЛ

Урбанизмот ги обликува градовите на начин кој треба да им обезбеди квалитетен и здрав живот на своите граѓани, задоволувајќи ги нивните животни навики и потреби. Согласно модерните концепти за уредување на просторот, луѓето се во прв план, објектите секогаш се во нивната функција, а не обратно. Јавниот простор е особено значаен во урбанизмот затоа што го дефинира општественото, културолошкото и социјалното битисување во урбаните средини и како таков претставува колективно и универзално право.
Брзиот општествен и економски развој во нашата земја доведе до брза урбана и градежна експанзија која не секогаш ги следеше основните урбанистички принципи, а уште помалку потребите на граѓаните.
Урбанистите водени од ефикасноста и профитот како да заборавија на хуманистичките аспекти на урбанизмот и потребата за квалитетен јавен простор. Честите промени на плановите и нивното непочитување во еден подолг период доведе до урбанистички хаос од широки размери, а најдобра претстава за ваквото урбанистичко дивеење се случувањата во центарот на Скопје.
Со одлуката на Уставниот суд пред неколку месеци со која се укина мораториумот за градба во Општина Центар, се отвори можност за реализација на некои од најкрупните проекти досега во државата. Целта на мораториумот беше да се ревидираат досегашните лоши практики во урбанистичките планирања преку нивно усогласување со генералните урбанистички планови и планерските стандарди. Иницијативата требаше да ги преиспита деталните планови и притоа ги ограничи експанзионистичките барања на инвеститорите, но за жал, таа не се спроведе докрај.
Комисијата за урбанизам која беше назначена да ја изврши оваа ревизија, во своите наоди констатира сериозни прекршувања на Законот за урбанистичко планирање и други нормативи од оваа област, како и дека се работи за особено низок квалитет на планските решенија од технички аспект. За жал, локалната власт е недоволно ангажирана во изнаоѓање на соодветно решение. Наместо тоа, административната одговорност постојано се префрла помеѓу надлежните институции со единствена цел да се затскрие неспособноста и клиентелизмот во нивните редови. Во ваква ситуација одбраната на јавниот интерес е оставен на граѓанскиот активизам кој одден наден сѐ погласно се спротивставува на ваквото урбанистичко силување и бетонска инвазија во центарот на Скопје. Потребата за обнова на централното градско подрачје е реална, но истата мора да се спроведе во согласност со генералните урбанистички планови и стандарди кои ќе гарантираат изградба на урбан и модерен, но пред сѐ, хуман и пристоен простор за живеење каков што доликува за еден главен град.
Впрочем, хуманизирајќи го централното градско подрачје на Скопје, ќе се направи подостапно за сите граѓани.
Долгогодишнaта неажурност на локалните власти и нефункционалноста на инспекциските тела, овозможија неконтролирана изградба на дивоградби. Нивното вклопување без соодветна техничка документација пропишана со Законот за урбанистичко планирање и Законот за градба претставува серозен преседан. Носењето на посебен закон со кој се предлага легализација на бесправно изградените објекти без посебна процедура за испитување на оправданоста, претходно утврдени правила и критериуми, може сериозно да наштети во спроведувањето на постојните урбанистички планови. Самиот факт дека во моментов државата не располага со точна бројка и регистар на дивоградби, јасно говори за популистичкиот пристап на власта при носењето на овој закон. Општ впечаток е дека недостига системско решение во рамките на постојните урбанистички планови и законска регулатива кое ќе се базира на претходно изработени анализи и јасно утврдени критериуми. Од правен аспект, со овој закон се испраќа погрешна порака со која се амнестира повеќедеценискиот криминал, уште повеќе, законот наместо казнени одредби, нуди поволности со дури 50 % попуст за легализиција што ги става во нерамноправна положба сите граѓани кои ги почитувале законите, легално граделе и навремено ги плаќале сите давачки.
Со носењето на Законот за легализација на дивоградбите и спроведувањето на спорните урбанистички планови, сериозно се нарушува јавниот интерес и се легализира самоволието и дивеењето во урбанизмот. Овој урбанистички рингишпил е последица на недостигот на инстутиционален капацитет и политичка волја да се стави крај на бизнис интересите кои со години владеат со урбанизмот, состојба која може да се промени доколку локалните власти извршат ревизија на сите урбанистички планови на начин со кој граѓанинот ќе го добие централното место во процесот на планирање. Би сакал да верувам дека оваа слика за европско Скопје и Македонија е сѐ уште реална и остварлива.

Проф. д-р Јосиф Јосифовски
Главен и одговорен уредник на „Пресинг“