На Втората Годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти предвидени се повеќе панелисти.
Во првата панел дискусија со наслов Улогата на планерот во процесот на планирање визави улогата на планерот во Законот за урбанистичко планирање учество ќе земат:
- Жаклина Ангеловска, модератор и член на Собранието на Комората
- Марија Зарова Силјановска, директор на ЈП за Урбаниситчко планирање, проектирање и инженеринг – Битола
- Андријана Андреева, директор на Агенција за планирање на просторот
- Неби Реџепи, Државен секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање
- Весна Андриевска, Раководител на сектор за уредување на просторот во Министерството за транспорт и врски
- Натали Ташевска Гулевска, овластен планер
Во втората панел дискусија со наслов Улогата на архитектот во процесот на градење визави улогата на архитектот во Законот за градење учество ќе земат:
- Александра Трајковска, модератор и член на Собранието на Комората
- Ана Ѓорѓиоска, Сектор за стручна поддршка на Министерот за транспорт и врски
- Љупчо Балкоски, Пратеник во Собранието на Република Северна Македонија
- Иван Николовски, овластен архитект