×

Порака

Заштита на лични податоци и користење колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. Со користење на нашата веб страница, вие се согласувате дека можеме да ги поставиме овие типови колачиња на вашиот уред.

Погледни детали

Не се согласивте колачиња да бидат запишани на вашиот уред. Оваа одлука може да се смени.

Одржана презентација од архитект Дубравко Бачиќ во рамките на Втората годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти во Битола

Pin It

DSCF0251Во рамките на Втората Годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти која се одржа на 1 и 2 Декември 2023 година во Битола, високиот гостин, архитект Дубравко Бачиќ, член на Управниот Одбор на АЦЕ – Советот на архитекти на Европа. направи презентација за организацијата од каде доаѓа. Во своето обраќање, покрај претставувањето на Советот на архитекти на Европа (ACE) како репрезентативна организација за архитектонската професија на европско ниво, Бачиќ даде осврт на динамичките процеси во семејството на членови, кое во моментов се состои од 51 организација-членка.

Комората на овластени архитекти и овластени инженери партиципира како членка набљудувач заедно со Србија, Турција, Украина и Црна Гора. Преку нив ACE ги застапува интересите на повеќе од половина милион архитекти од 35 земји во Европа.
Бачиќ ги истакна главните цели на мисијата на ACE:
влијание врз законодавството и политиките на ЕУ што влијаат на стратешките определби
афирмирање како влијателен и вреднуван извор на информации за архитектонската професија во Европа
координирано дејствување во европските институции како интегрирана целина на архитектонската професија
афирмирање на ефикасно вмрежено претставничко тело на архитектите и практиките на ЕУ
создавање афирмативен и правно регулиран амбиент за архитектите
унапредување на улогата на архитектите во создавањето на вистинска конкурентна, оплеменувачка и одржлива Европа.
Благодарение на заложбите на Органите на Комората и нејзините пријатели, во април 2023 на Генералното Собрание на АЦЕ, Комората на овластени архитекти и овластени инженери стана членка набљудувач, со што се овозможува директно споделување на добри практики со колегите архитекти од европските земји и воведување на поголема конкурентност и флуидност на човечкиот капитал.
Презентацијата можете да ја преземете на следниот линк.