Како резултат на продлабочувањето на соработката помеѓу Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАИ) и Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на 16.4.2026 година беше потпишан Меморандум за соработка, во присуство на претставници од двете институции. Комората ја претставуваа претседателот м-р Дејан Метикош и Генералниот секретар Александар Манчевски, додека од страна на Архитектонскиот факултет присуствуваа деканот проф. д-р Анета Христова Поповска и проф. д-р Марија Мано Велевска.
Повеќе: Потпишан Меморандум за соработка помеѓу КОАИ и Архитектонски факултет









Во Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАИ) успешно се реализираше настанот на тема „Од научни податоци до практични одлуки: Поглед за подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје“.







