×

Порака

Заштита на лични податоци и користење колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. Со користење на нашата веб страница, вие се согласувате дека можеме да ги поставиме овие типови колачиња на вашиот уред.

Погледни детали

Не се согласивте колачиња да бидат запишани на вашиот уред. Оваа одлука може да се смени.

Пресинг 2

ПРЕСИНГ БР.2

Pin It

pdf icon ПРЕСИНГ БР.2

ИМПЕРИЈАТА ГО ВОЗВРАЌА УДАРОТ

„Доколку ми посочите држава во која само еден ден по таква катастрофа сите ќе бидат на своите работни места, каде училиштата и градинките ќе продолжат со редовна работа и речиси сè ќе тече како ништо да не се случило, тогаш можеби и ќе размислам за преселба“, беше одговорот на извесна бугарска госпоѓа која 20-ина години живее во земјата на изгрејсонцето, на провокативното прашање поставено од водителот на бугарското национално радио. Емисијата, во која главна тема беа нуклеарките, ја следев напуштајќи ја Софија, само десетина дена по катастрофалната јапонска 9-ка, во време кога радиоактивниот облак полека навлегуваше во европскиот воздушен простор. Природната катастрофа со епицентар во близина на источниот брег на островот Honshu е недвосмислено најинженерскиот настан кој го одбележа периодот помеѓу двата броја на Пресинг. По којзнае кој пат јапонскиот народ е доведен во искушение да го потврдува својот цврсто изграден национален идентитет, но не со небулозно чукање в гради и трагање по своето самурајско минато, туку преку својата сегашност, морална моќ, колегијалност, самопожртвуваност, организираност, истрајност, смиреност, знаење. Преку способноста за новонаучени лекции од секоја природна катастрофа. А, станува збор за земја на која отпаѓаат 15 отсто од инфраструктурните оштетувања во светот кои настануваат како последица на разни природни катастрофи. Но, очигледно природата може да ги изненади и најдобрите ученици (се прашувам што би се случило со оние послабите, традиционално наклонети кон импровизации). И покрај континуираното освежување на мапите на сеизмички ризик (последната изработена во 2009 год.) никој не предвидел дека во областа Miyagi може да се случи потрес со магнитуда повисока од 7,5. Последователно, никој не претпоставил дека е можно да бидат иницирани пропратни цунами бранови високи и по 14 метри, кои како злогласни заднински воени трупи немилосрдно го докусуруваат сето она што по потресот останало целосно. Можеби и големата временска дистанца од застрашувачките 38 метри високи цунами бранови предизвикани за време на земјотресите во Jogan во 869 година и во Sanriku во 1896, си го направила своето. И додека објектите (читај градежните конструктори) го положија својот дел од испитот и тоа со висока оценка, проблемот со цунамито се покажа исклучително компликуван. Сè уште останува нерешен, со тенденција да предизвика последици не само за сегашните туку и за многу идни генерации. Каде е грешката? Дали брзиот индустриски развој, бескомпромисната трка по сè поголем профит, желбата да се зграби сè повеќе од секаде и од секого, нè предизвикаа да станеме коцкари, да заиграме опасен руски рулет со природата. Дали Fukushima, нуклеарка со четири реактори, смеела да биде лоцирана во еден ваков ризичен регион, преполн со неизвесности. Можеби за филозофите, извесноста, односно целосната предвидливост претставува монотона категорија која животот го прави бесмислен, но за инженерите, таа е секогаш посакувана. Дали империјата (природата) почна да го возвраќа ударот?

Главен и одговорен уредник
Д-р Горан Марковски
Професор на Градежниот факултет
Универзитет " Св. Кирил и Методиј"

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Ценовник за инженерски услуги за високоградба

pdf icon

 Преземи Анекс кон ценовникот за висината на минималниот надоместок на услугите на овластените архитекти и овластените инженери во област на високоградбата 
[Службен весник на РСМ бр.54 од 13.03.2023 година]

pdf icon

 Преземи ценовник за  висината на минималниот надоместок на услугите на овластените архитекти и овластените инженери во област на високоградбата 
[Службен весник на РСМ бр.259 од 01.12.2022 година]

pdf icon

 Преземи ценовник со табели во боја

pdf icon

 Преземи Анекс на ценовник со табели во боја

Excel icon

 Преземи КАЛКУЛАТОР за ценовникот за висината на минималниот надоместок на услугите на овластените архитекти и овластените инженери во област на високоградбата

За да го користите Калкулаторот потребно е да дадете дозвола на Вашиот компјутер да извршува Macro команди и да овозможите кирилична поддршка во Windows > Regional Settings > Language for non-Unicode programs.


pdf icon

 Преземи Упатство за работа на Комисија за постапување по пријави за непочитување на Ценовникот високоградба

doc icon

 Образец за пријава до Комисија за постапување по пријави за непочитување на Ценовникот високоградба

Преземи Упатство за формирање на цена со примена на Ценовникот за висината на минималниот надомест за инженерски услуги на овластените архитекти и овластените инженери од областа на високоградбатаУпатство - Ценовник високоградба

Стручен испит Урбанизам

Испит Урбанизам страница

Број на посетители

Денес7946
Овој месец23156
Вкупно од 1.9.20172001490

ECEC

Комората е членка на Светската федерација на инженерски организации

ECCE pixel  ACE