×

Порака

Заштита на лични податоци и користење колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. Со користење на нашата веб страница, вие се согласувате дека можеме да ги поставиме овие типови колачиња на вашиот уред.

Погледни детали

Не се согласивте колачиња да бидат запишани на вашиот уред. Оваа одлука може да се смени.

Пресинг 14

ПРЕСИНГ БР.14

Pin It

pdf icon ПРЕСИНГ БР.14

УТРЕ ПОЧНУВА ДЕНЕС

Енергијата е неопходна за човековиот опстанок и развој. Таа е предмет на континуирано истражување,
анализирање, планирање... Таа е причина за уцени, војни, уништувања... Енергијата, велат, ниту од ништо се создава, ниту во ништо се губи. Знае само да преминува од еден во друг вид, како на пример онаа која редовно, низ месечните комунални сметки, немилосрдно во нас се видоизменува во емотивно-негативна.
Голем дел од вкупно потрошената енергија во Европа отпаѓа на задоволување на потребите на
домаќинствата. дел од неа е неопходен, но дел се троши и нерационално. Некаде помалку, некаде повеќе.
ополнителна енергија непотребно се троши затоа што наместо „пасивни куќи“ упорно се гради пасивен однос кон сето она што со децении се случува во струката и околу неа. Затоа што, наместо за ново знаење,
енергија се арчи на гувеење пред залутаните во нашата дејност авторитети. Затоа што наместо „топлинските“ полесно се уриваат и онака кревките меѓунационални, меѓучовечки и колегијални мостови. Затоа што наместо по нови извори на енергија почесто се трага по нови извори на проблеми, а наместо „енергетската“  повеќе се практикува материјална  ефикасност. 

Енергија нерационално се троши и за црпење на подземната вода која навлегувајќи во  сутерените на
несоодветно изолираните објекти, на површина исфрли и дел од навидум трајно затрупаните јавашлаци, за
сушење и поправка на нестручно покриените покриви, за болното прифаќање на образложението дека сé
поприсутното надворешно водење на инсталациите претставува стручна иновација со која се разрешува
проблемот со нивната неквалитетна стандардна изведба, за духовната капитулација пред фактот дека
новите објекти ни изгледаат поветво од старите. Вишок енергија се троши и на чистење на со шут
затнатите речни корита, за дополнително затоплување и ладење на илјадниците објекти изведени без или
со скромна фасадна заштита, за скапите санации на децениски неодржуваните јавни објекти, за
реконструкција на од негрижа опожарените манастири, за промена, наместо за трајно отстранување, на
безбројните градски билборди. 

Тежок е патот до нови енергетски извори. Токму затоа, меѓу другото, некои од нив имаат попримено безмалку митолошки димензии. Но, откажување не треба да има. особено кога станува збор за искористување на т.н. обновливи извори. оние како водата, ветрот, сонцето, биомасата...  оние за кои, барем засега, сметаме дека се вечни. И покрај тоа што некои анализи покажуваат дека
дел од таквите проекти се нерентабилни, кога станува збор за енергетска независност, нивната исплатливост има и други димензии. Токму затоа, заштедата на непотребно потрошената
енергија, особено за земји како нашата, можеби треба да се смета како своевиден дополнителен
извор на енергија. Тука градителството, со сите негови дејности, мора да биде лидер. За
поздравување се актуелните активности околу нормативното регулирање на енергетската
ефикасност со што, усогласувајќи се со европските стандарди и веќе одомаќени практики, се поттикнува
и се условува употребата на нови проектантски решенија, материјали и технологии директно
насочени кон заштеда на секој киловат енергија. Впрочем, тоа се едни од ретките инвестиции речиси
без ризик-фактор, инвестиции кои бргу и сигурно се враќаат. Инвестиции во иднината.
А, иднината почнува денес. 

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Ценовник за инженерски услуги за високоградба

pdf icon

 Преземи Анекс кон ценовникот за висината на минималниот надоместок на услугите на овластените архитекти и овластените инженери во област на високоградбата 
[Службен весник на РСМ бр.54 од 13.03.2023 година]

pdf icon

 Преземи ценовник за  висината на минималниот надоместок на услугите на овластените архитекти и овластените инженери во област на високоградбата 
[Службен весник на РСМ бр.259 од 01.12.2022 година]

pdf icon

 Преземи ценовник со табели во боја

pdf icon

 Преземи Анекс на ценовник со табели во боја

Excel icon

 Преземи КАЛКУЛАТОР за ценовникот за висината на минималниот надоместок на услугите на овластените архитекти и овластените инженери во област на високоградбата

За да го користите Калкулаторот потребно е да дадете дозвола на Вашиот компјутер да извршува Macro команди и да овозможите кирилична поддршка во Windows > Regional Settings > Language for non-Unicode programs.


pdf icon

 Преземи Упатство за работа на Комисија за постапување по пријави за непочитување на Ценовникот високоградба

doc icon

 Образец за пријава до Комисија за постапување по пријави за непочитување на Ценовникот високоградба

Преземи Упатство за формирање на цена со примена на Ценовникот за висината на минималниот надомест за инженерски услуги на овластените архитекти и овластените инженери од областа на високоградбатаУпатство - Ценовник високоградба

Стручен испит Урбанизам

Испит Урбанизам страница

Број на посетители

Денес7969
Овој месец23179
Вкупно од 1.9.20172001513

ECEC

Комората е членка на Светската федерација на инженерски организации

ECCE pixel  ACE