×

Порака

Заштита на лични податоци и користење колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. Со користење на нашата веб страница, вие се согласувате дека можеме да ги поставиме овие типови колачиња на вашиот уред.

Погледни детали

Не се согласивте колачиња да бидат запишани на вашиот уред. Оваа одлука може да се смени.

Маја Таневска, Кристијано Пијањерели | MK, EU-IT, Говорници на Четвртата Годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти

Pin It

06 2025 Постер за WEB

На Четвртата Годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти Маја Таневска и Кристијано Пијањерели од архитектонската компанија ACPV Architects Antonio Citterio Patricia Viel ќе се претстават со својата презентација „Безвременски дизајн, паметни алатки – Еволуцијата на дигиталниот дизајн на ACPV Architects Antonio Citterio Patricia Viel“. Во рамки на излагањето тие ќе го истакнат значењето на компјутерскиот дизајн во компанијата, улогата на вештачката интелигенција во дизајнот, како и развојот на прилагодените дигитални алатки за архитектонско проектирање.

ACPV Architects Antonio Citterio Patricia Viel, меѓународна архитектонска фирма со седиште во Милано, работи на широк спектар на проекти – од урбанистичко планирање до станбени и комплекси со мешана намена, корпоративни кампуси, јавни згради и хотели – секогаш стремејќи се кон визија во која природата и човечките вредности се во центарот на архитектонското искуство. Колективното знаење на фирмата е систематизирано преку напредна дигитална инфраструктура која ги собира и организира сите информации за материјалите, процесите и дизајн-пристапите. Овој систем овозможува организациски модел базиран на споделена одговорност, соработка и континуирано подобрување.
Кристијано Пијањерели е архитект од Италија со повеќе од една деценија искуство во Building Information Modeling (BIM) и Computational Design. Неговата работа е насочена кон истражување на влијанието на дигиталните иновации врз архитектонските процеси – од параметарски и генеративен дизајн до анализа на перформансите на згради и примена на машинско учење и вештачка интелигенција. Денес, Кристијано е лидер на единицата за Computational Design и R&D во ACPV Architects Antonio Citterio Patricia Viel, каде што развива напредни технолошки решенија и раководи со истражувачки иницијативи насочени кон интегрирање на иновациите во современиот дизајн.
Маја Таневска е архитект од Македонија, која моментално живее и работи во Милано. Поседува искуство во проектирање станбени и угостителски објекти, јахти, здравствени установи, како и ентериери. Во ACPV Architects Antonio Citterio Patricia Viel работи како координатор и истражувач во ACPV Materials – лабораторија за материјали каде што соработува со дизајнери и производители во истражување на перформансите на материјалите, одржливоста и занаетчиските техники, а со цел развивање дизајн – извонредност и силни проектни наративи.