Настани и конференции

×

Порака

Заштита на лични податоци и користење колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. Со користење на нашата веб страница, вие се согласувате дека можеме да ги поставиме овие типови колачиња на вашиот уред.

Погледни детали

Не се согласивте колачиња да бидат запишани на вашиот уред. Оваа одлука може да се смени.

Четврта Годишна Средба на Архитекти и Архитекти Урбанисти -„Архитектурата утре“

Домашни
Датум: Петок, 28 Ноември 2025 00:00 - Сабота, 29 Ноември 2025 00:00

Локација: Офицерски дом, Битола

Одделението на архитекти и Одделението на архитекти урбанисти при Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Северна Македонија со задоволство ја најавуваат Четврта Годишна Средба на Архитекти и Архитекти Урбанисти, која оваа година ќе се одржи во Офицерскиот дом во Битола, на 28. и 29. ноември 2025 година.

Под наслов „Архитектурата утре“, средбата ќе отвори простор за разговор за иднината на архитектурата и урбанизмот, за новите предизвици што ги носат современите технологии и дигитализацијата, како и за улогата на архитектите и урбанистите во современиот контекст.

Преку предавања, панел дискусии, презентации на реализирани проекти и истражувања, како и преку неформално вмрежување и размена на идеи, настанот ќе понуди можност за поврзување на професионалците од целата држава и гостите учесници на средбата.

Со оваа средба, Комората четврта година по ред (Годишна средба 202220232024/прв ден2024/втор ден) ја продолжува традицијата на градење и унапредување на архитектонската заедница, поттикнувајќи критичка мисла, креативност и визија за иднината на професијата.

Повеќе информации за програмата, предавачите и начинот на пријавување ќе бидат објавени наскоро на официјалната веб-страница на Комората.

Датум: 28–29 ноември 2025 година (петок и сабота)
Место: Офицерски дом, Битола
Тема: Архитектурата утре

 

Слободни места
149
Број на места
150

 

Листа на учесници

Наум МаневскиНаум Маневски (1)